ДОВОЛНО Е ФУСНОТАТА ДА ЈА ТРГНАТ ОД ЈАЗИКОТ Бугарите не треба ништо да ветуваат

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев, а само ако Петков се сложи дека Делчев е Македонец, тогаш би го чествувале заеднички, вели Мицкоски.

1,190

Нивниот Устав не признавал колективни права, само индивидуални – добро, во ред, еве немаат намера поради нас да менуваат, еве фуснотата од јазикот да ја тргнат или некоја од овие пресудите да ја имплементираат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата ,,Само интервју” на Канал 5 телевизија, во врска со односите и барањата на релација Бугарија – С Македонија.

– Барем да се извинат за 7.200 Евреи кои, како што велат „администраторите” во Втората светска војна ги пратија во Треблинка. Вили Брант знаете ли како се извини? Има начин како да се извинат – рече Мицкоски.






На прашањето, ако власта го покрене во Собрание прашањето Бугарите да се внесат во Уставот, како ќе се постави ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер кажа дека тие не ги менуваат ставовите по потреба и дека ако нема реципроцитет, или пак, писмени гаранции дека тоа е последното нешто за да се тргне бугарското ветото и дека во иднина нема да има „глупави блокади за повторно да не убедуваат дека сме биле Бугари до 1944-та“, остануваат на нивниот став.

– Во животот има давање и земање, а не само земање. Не треба воопшто да ветуваат, еве една работа нека се случи – фуснотата нека ја тргнат од јазикот, не треба повеќе и ние ќе речеме браво, има промени во позициите – додаде Мицкоски.

Во текот на утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во рамките на парламентот Декларација со која , нагласи Мицкоски, јасно ќе се исцртаат партиските позиции по прашањето на Гоце Делчев.

На прашањето, доколку би бил премиер дали заедно со Крили Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, Мицкоски рече да само доколку бугарскиот премиер Петков се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.

– Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем – дециден е Мицкоски.

Поврзани содржини