ДОВЕРБАТА ВО КОВАЧЕВСКИ Е ПОМАЛА ОД ПРОЦЕНТОТ НА ИНФЛАЦИЈАТА Лефков зборува за власта, спикерот Џафери и за предвремените избори

Меѓутоа Талат Џафери тргна на сила за да ја спроведе таа агенда на СДСМ и ДУИ. И на тој начин Џафери влезе во безброј грешки. Од кои што една од грешката беше кога започна да ги навредува вработените во Собранието. Јавноста тогаш се увери како се работи во Собрание и патем како не треба да се работи. Ние повикавме дека треба да се бара одговороност, вели Лефков.

357

„Ковачевски има помал процент на доверба од инфлацијата, кога имате 8 отсто доверба на Ковачевски и 10,5 отсто инфлација јасно е дека она што треба да се направи се предвремени парламентарни избори“.

Вака  изјави пратеникот Миле Лефков, член на ИЕ на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Филибастеринг“ на радио Лидер.






– Македонија е држава која со ваква ненародна власт континуирано е во криза, а имаме пораз практично на сите полиња и време е да побараме и предвремени парламентарни избори, бидејќи на власт е нелегитимна влада – додава тој.

– Не може да имате премиер кој што државата не го познава, кој не излегол на избори и сега замислете тој е одговорен за трошење на огромни суми на буџетски пари за сервисирање на кризите во кои што тие сами не доведоа – објаснува Лефков.

Лефков посочи дека граѓаните живеат од ден на ден сѐ посиромашно, нагласувајќи дека власта вината за кризите во државата ги наоѓа во надворешните фактори, а  не во сопствената неспособност.

– Ако внимателно ги проследите сите изјави на политичарите од власта без разлика дали е тоа министер, дали станува збор за пратеници, високи политичари, тие секогаш се повикуваат на корона кризата како надворешен фактор, војната во Украина, целосно занемарувајќи го она кое што во економијата се вели внатрешни фактори,а  притоа секогаш кога се трошат буџетските пари се трошат за таа цел за да се влијае на внатрешните фактори. И сега ќе видете дека во државата имаме двоцифрена инфлација што практично значи дека парите кои што ги добиваат работниците со кои што располагаат во веќе најсиромашната држава во Европа секој ден ја губат својата вредност и граѓаните секој ден живеат се посиромашно – истакна тој.

Лефков смета дека единствен излез од кризата се предвремени парламентарни избори, во услови кога премиерот Ковачевски има помал процент на доверба од процентот на инфлација во Македонија.

– Целата јавност виде што се случи, ние практично најавивме блокада дека ќе започне од 10-ти мај и се случи тоа на седниците. Меѓутоа ако погледнете што се случуваше во Собрание, можете да видите дека уште на 9-ти вечерта Законодавно – правната комисија кога стануваше збор за едно автентично толкување кое исто така власта сакаше да го скрие од јавноста во кое автентично толкување свое мислење за Законот за игри на среќа беше дал Артан Груби, замислете мислење кое доаѓа во Собранието на Република Македонија и коешто единствено е надлежно да даде автентично толкување и се потпишал Груби на него, а го нема никаде Ковачевски. А, таквото толкување на членот 7 став 3 од Законот за игри на среќа практично може да значи и да замени донесување на цел еден нов закон за игри на среќа, со кој Владата практично или ДУИ се обидуваат одлуката, односно она што е предвидено со Законот, а тоа ставот 2 дека државата треба да има исклучив монопол кога станува збор за организирање на игри на среќа, тие сакаат со мали модификации на тоа законско решение да го прошират бројот на фирми и компании кои што ќе се занимаваат со тоа – продолжува Лефков.

Според него, власта секогаш гледа на било кој начин како да исцица повеќе пари за свои потреби и свои џебови.

– А, знаеме дека Груби е поврзан со многу скандали, со многу контроверзии кога станува збор за именување на членови на Управен и Надзорен одбор – нагласи тој.

Лефков посочи дека на 10-ти месецов пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ имаше одредени предлози за измени на закони со цел на подобрување, а спикерот Талат Џафери не ги стави на Дневен ред.

– Талат Џафери не дозволи ниту да се гласа за истите дадени предлози на измени на Закони иако според членот 70 од Деловникот имаме право пред започнување на седницата да бараме измени и дополнувања на Дневниот ред. Тој тоа го толкуваше тоа еднострано велејќи дека пријавувањето пред почетокот на седницата било само за членот 77 од Деловникот со кој практично бараат измена односно пермутација или изменување на редоследот на точките кои што веќе самиот тој ги поставил на седницата – вели Лефков и додава:

– Замислете тоа е огромно понижување за народните претставници и јас на пример заедно со колегите пратеници голем удел во тоа имаше и претседателот на Социјалистичка, колегата Љупчо Димоски во кој што се предлагаат закони за измени и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој и за стокови резерви со кој оризот треба да биде стратешка култура и практично Агенцијата за стокови резерви да работи со неа и истиот како предлог го дадов од говорница. Ниту добив 10 минути време да го елаборирам иако е потребно 10 минути, затоа што секој предлог закон си содржи одредена структура, вовед, цели, усогласеност со друга регулатива – рече Лефков.

Лефков укажа дека на крајот од неговиот говор од три минути Талат Џафери му го ускратил времето велејќи дека пратеникот нема никаков предлог за пленумот. Тоа за него е едно огромно понижување.

– Тоа понижување продолжи и во наредниот ден, ќе ве потсетам на еден момент кога збор зема колегата Фадил Зендели и сакавме да се пријавиме за реплика, се пријавивме 32 од колегите за реплики и во тој момент Талат Џафери и тоа го има на снимки како Талат вели заклучете ја вратата да видиме колку пратеници се јавиле за реплика – појасни Лефков.

Лефков додаде дека навредите од страна на Талат Џафери се сѐ позачестени.

– Едноставно агендата на СДСМ и ДУИ насилно да се прекрши она што ние го најавивме како активна блокада во кој што ќе повторам со демократски мерки кои што ни ги дозволува Деловникот, тоа беа едноставни јавувања за збор за измени и дополнувања на Дневниот ред и секој од говорниците беше со цел да укаже на некој недостаток во процедурата. Меѓутоа Талат Џафери тргна на сила за да ја спроведе таа агенда на СДСМ и ДУИ. И на тој начин Џафери влезе во безброј грешки. Од кои што една од грешката беше кога започна да ги навредува вработените во Собранието. Јавноста тогаш се увери како се работи во Собрание и патем како не треба да се работи. Ние повикавме дека треба да се бара одговороност – заклучува Лефков.

Поврзани содржини