Осудениот Шкрели: Ослободете ме од затвор, а за возврат ќе ви дадам лек против коронавирусот

Затворската казна му истекува во септември 2023 година.

6,718

Поранешниот директор на фармацевтската компанија „Ретрофин”, Мартин Шкрели, кој е осуден на седумгодишна затворска казна затоа што ја зголемил цената на лековите, побарал да биде ослободен од затвор за да може да пронајде лек за ковид-19.

Во интервју за „Prospero Pharmaceuticals“, тој побарал од властите тримесечна слобода и излез од затворот во Пенсилванија, а за возврат, како што вели, ќе му понуди на човештвото лек против заразата.






– Барам отпуст од три месеци за да можам да помогнам во изнаоѓањето лек за коронавирусот. Јас сум еден од ретките раководители на фармацевтска компанија кој има големо искуство во развојот на нови лекови. Сите компании треба да одговорат со сите ресурси во борбата против ковид-19. Истражувањата треба да се одвиваат сè додека е активен коронавирусот – рекол Шкрели.

Затворската казна му истекува во септември 2023 година.

– Не барам на било кој начин да заработам од лечењето луѓе заразени од коронавирусот. Сметам дека секоја фармацевтска компанија треба да се обиде да ги надомести трошоците и да биде подготвена работата да ја врши како државна служба – рекол тој.

Исто и неговиот адвокат, Бенџамин Брафман, истакнал дека ќе поднесе барање за Шкрели да може да ги врши своите истражувања во лабораторија под надзор на полицијата.

Поврзани содржини