📷 ДОСТОИНСТВЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Мицкоски и еврокомесарката Марта Кос зборуваа за Планот за раст

Нагласив дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани, напиша премиерот на неговиот профил на Фејсбук.

129

Европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции, се темите на кои разговараа премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката за проширување и добрососедска политика Марта Кос денеска во Скопје.

„Ја истакнав цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.






Еврокомесарката Кос ја поздрави реформската агенда на Владата и ја потврди поддршката на Европската комисија за напредокот на Регионот на европскиот пат.

Нагласив дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани“, напиша премиерот на неговиот профил на Фејсбук.

Еврокомесарката Кос е во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан. Таа утре, 1 јули, треба да се сретне со лидерите од регионот во Скопје.

Поврзани содржини