ДОСТАВУВАЧ НА ХРАНА ЈА БРКАЛ НИЗ ЦЕНТАР!? Возачка пријавила агресивен моторџија

Маж на мотоцикл се обидел да ја отвори вратата од автомобилот, а потоа го оштетил возилото.

929

Скопјанка вчера пријавила во полиција дека била изложена на агресивно однесување од доставувач на мотоцикл додека возела низ населбата Центар.

Според нејзината пријава, мотоциклистот најпрво агресивно се однесувал, а потоа почнал да ја следи. Кога застанала на семафор, се обидел да ја отвори возачката врата, а откако не успеал, го оштетил нејзиното возило.

Полицијата презема мерки за идентификување на сторителот и расчистување на случајот.

Поврзани содржини