📷 ДОСТАВУВАЧ ГО ЗАСТРЕЛАЛ КУЧЕТО НА АКТЕРКАТА ОД „ЗАКОН И РЕД“ Таа била дома со ќерките, истрауматизирани се од трагичниот настан

Енџи Хармон, актерката најпозната по улогата во серијата „Закон и ред“, објави на Инстаграм дека нејзиното куче Оливер било застрелано од доставувач додека и ги оставал намирниците.

2,065

Енџи Хармон, актерката најпозната по улогата во серијата „Закон и ред“, објави на Инстаграм дека нејзиното куче Оливер било застрелано од доставувач додека и ги оставал намирниците. Актерката детално опиша што се случило.

„Викендов доставувачот го уби нашиот драг Оливер. Излезе од автомобилот, донесе храна и потоа го застрела нашето куче. Нашата камера се полнеше во куќата, што тој тоа го виде и знаеше дека нема да го сними. Полицијата го пушти да си оди бидејќи тој тврдеше дека тоа е во самоодбрана. Тој немаше ниту една гребнатинка или гризнување на него, ниту пак, му беа скинати панталоните“, напишала Енџи.






„Јас и моите ќерки бевме дома. Потоа тој рече: „Да, го застрелав вашето куче. Да, пукав“. Трауматизирани сме и надвор од себе, уништени сме. Загубивме член на семејството“, додала актерката чија објава растажи многумина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angie Harmon (@angieharmon)


Магазинот „Пипл“ известува дека доставувачот на крајот бил отпуштен.

„Бевме длабоко тажни и вознемирени кога слушнавме за овој инцидент. Не толерираме насилство од каков било вид“, велат од компанијата за која тој работел.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини