ДОСТАПНО ЦЕЛОТО ВИДЕО ОД ИЗЛАЖИРАНАТА КАПИТУЛАЦИЈА Ја препознавате ли разликата со оригиналниот Зеленски?

Замислете да го видите Владимир Зеленски на ТВ како дава изјава за предавање. Ја гледате, ја слушате - така е вистина. Но, ова не е вистината. Ова е технологија за длабоко лажирање. Ова неж е вистинско видео, туку е создадено преку алгоритми за машинско учење, велат од украинскиот Центарот за комуникации на Фејсбук.

8,467

Монтираната видео-снимка од Володимир Зеленски, во кое тој пред два дена наводно ја објавува капитулацијата на Украина, сега е достапно за гледање на Јутјуб, пишува ИФЛ Наука. Според сајтот, „дип-фејкот“ не е најдобро направен, спореден со лажирани видеа од други светски политичари. Хакерите кои ја пробиле страницата на Украина24 користеле технологија, каде вештачка копмјутерска интелегенција го имитира лицето на Зеленски, а за тоа да го прави претходно анализира илјадници негови видеа и самата се учи да го прави тоа.

Еве колку реално изгледаше лажното видео. За среќа, сајтот Украина24 брзо се поврати на нозе и обзнани дека капиталуцијата е измислена:






„Замислете да го видите Владимир Зеленски на ТВ како дава изјава за предавање. Ја гледате, ја слушате – така е вистина. Но, ова не е вистината. Ова е технологија за длабоко лажирање. Ова неж е вистинско видео, туку е создадено преку алгоритми за машинско учење “, велат од украинскиот Центарот за комуникации на Фејсбук во своја објава и додаваат:

„Видеата направени преку такви технологии е речиси невозможно да се разликуваат од вистинските. Внимавајте – ова е лажно! Неговата цел е да дезориентира, да сее паника, да шири неверување кај граѓаните и да ги поттикне нашите војници да се повлечат“.

Во видеото, лажниот Зеленски вели дека „испадна дека не е толку лесно да се биде претседател“, пред да им наложи на војниците „да го остават оружјето и да се вратат кај своите семејства. Не вреди да се умре во оваа војна. Мој совет до тебе е да се живее. Јас ќе го сторам истото“, вели тој.

Во средата, Украина 24, но и самиот Зеленски, потврдија дека видеото е лажно.

Поврзани содржини