ДОСТА НИ Е ОД УСТАВЕН САДО-МАЗОХИЗАМ! Уставните промени не се ни европски ни демократски, рече Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ
Што би рекол денеска господин Бадентер, некогашниот претседател на ЕК, кој уште во 1992 година, уште уставот беше „неизладен“, препорача веднаш да усвоиме еден амандман на уставот во кој ќе напишеме дека немаме тероторијални претензии, да го смениме знамето и портите на ЕУ за нас ќе бидат отворени... И така тоа трае до денес, како во 1001 ноќ. Ако промената на уставот беше евроинтегративен фактор, ние денеска ќе претседававме на ЕУ - рече Силјановска.
Не може од преамбулата на Уставот да правиме именик, не смее патот за Брисел за Македонија да води преку Софија, ние ги штитиме и мора да ги штитиме Копехагенските критериуми, зашто ако прифатиме пат во ЕУ со посебни критериуми и преседани, тоа ќе има последици и за следните земји кандидати. Камбаните овојпат бијат за Македонија! Крајно време е да покажеме дека сме пристојна европска држава, и затоа овој предлог нема да го поддржиме. Наместо за уставни измени, треба да зборуваме за предвремени избори, зашто оваа влада целосно се делигитимира – изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, професорка по право., во собраниската расправа за предлогот за утврдување потреба од измени на уставот.
Силјановска зборуваше за правото на немешање во внатрешните работи, кое е и европско право, ги цитирарше принципите од Повелбата на ЕУ во кои тоа се гарантира, како и за заштитата на правата на националниот малцинства, културното наследство и етнички идентитет.
Таа рече дека постојаното менување на уставот не е европски принцип, туку во случајов на Македонија станува збор за „уставен садо-мазохизам“.
– Што би рекол денеска господин Бадентер, некогашниот претседател на ЕК? Тој уште во 1992 година, кога уште уставот не беше „изладен“, препорача веднаш да усвоиме еден амандман на уставот во кој ќе напишеме дека немаме тероторијални претензии кон соседите, да го смениме знамето и тогаш портите на ЕУ за нас ќе бидат шриум отворени… И така, тоа трае до денес, како во 1001 ноќ. Ако промената на уставот беше евроинтегративен фактор ние денеска ќе претседававме на ЕУ! Не, наметнатите уставни измени не одат рака под рака со европската демократија – рече Силјановска.
Таа рече дека Европската Унија, за да биде вистинска политичка заедница, мора да ги почитува европските вредности. Во спротивно нема да биде голема идеја и пракса, туку само бирократска машинерија на меѓувладини тела на европските држави.
Коментирајќи ја дебатата за „лажни вести“, таа рече дека ќе понуди една вистинска вест: „Она што се бара од нас е спротивно на европските вредности!“
– Лажна е и дилемата „запад или исток“. Една е дилемата – дали Македонија ќе биде сè што имаме иле сè што немаме. Дали ќе бидеме мала демократска држава или протекторат – рече Силјановска.
Според неа, во преамбулата не се содржат гаранции за малцинските права, туку филозофијата на уставот и неговиот дух, кој за жал повеќе го нема.
Таа упати прашање: „Од кого ни извира нам легитимитетот за уставни измени, од ЕУ или од граѓаните? Дали тоа го истакнавте тоа на последните избори, прашуваат граѓаните. Треба ли да ги прашаме граѓаните дали се „за“ ваква измена? Чл. 120 предвидува одлука за влагување во ЕУ со двотретинско мнозинство, како и референдум. Вие го изгласавте Францускиот предлог со 68 гласа во Собранието, па сега бујрум, со тој резултат усвојте ги измените – рече Силјановска.
Таа потсети дека Македонија од од 2009 година наваму добила барем 15 пати „да“ од ЕК и ЕУ… Во ниту еден извештарј нема ниту збор за тоа дека ги нема Бугарите во Уставот, а ниту Бугарија, која секогаш се фали дека прва не признала, никогаш не го поставила тоа прашања. Таа рече дека во македонскиот устав има суштинска гаранција за правата на малцинствата, но таа не е во преамбулата.
– Ние не сме против ЕУ, а не не сме ни против Бугарија, но чл. 8 на Лисабонската декларација повикува на реципроцитет во меѓународните односи. Бугарија е потписник и ја има ратификувано Рамковната конвенција за правата на малцинствата, но не ја почитува – рече пратеничката Силјановска.
Таа истакна дека пратениците како претставници на граѓаните ќе гласаат по сопствено убедување и нема да ги поддржат уставните измени.
– Камбаните овој пат бијат за Македонија и крајно време е да покажеме дека сме пристојна европска држава која сака на патот кон ЕУ да оди исто како сите сегашни членки. Не смее да има посебни критериуми и преседани за нас. Затоа мислам дека овој предлог не треба да се поддржи, туку треба да се прашаат граѓаните на избори, бидејќи оваа власт е целосно делегитимирана – заклучи Силјановска – Давкова.