ДОСТА НИ Е ОД СЛУЧАЈНИ ЛУЃЕ ВО ПОЛИТИКАТА Тие самите се во криза, затоа прогласуваат кризна состојба во државата
„Во секоја професија, ама во моментов особено во политиката, се потребни промени. Луѓе со дипломи, ама вистински. Луѓе со статус, не само дома, туку и надвор. Луѓе со дигнитет и интегритет“, вели Гордана Силјановска Давкова во поткастот на Плусинфо.
„Треба да ставиме крај во Македонија на случајни луѓе, кои се нашле на многу високи мпозиции. Резултатите се погубни. Бидејќи тие се опкружуваат со слични на нив. Во секоја професија, ама во моментов особено во политиката, се потребни промени. Луѓе со дипломи, ама вистински. Луѓе со статус, не само дома, туку и надвор. Луѓе со дигнитет и интегритет. Почитувани“.
Ова е една од клучните поенти на интервјуто со претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во поткастот на Плусинфо.
– Тогаш мислам дека ќе има шанса за компромис, за дијалог, за консензис, пред да се оди било каде. Тоа е една од нашите најголеми грешки – не може вие да одите надвор, без да сте постигнале дома консензис. Па да научиме нешто од соседите – вели Силјановска Давкова.
Таа се согласува со тезата дека опинион мејкерите, всушност, треба да станат полиси мејкери.
– Апсолутно. Значи, што е најважно, не само да туркаме само politics туку и policy. Немаме ние соодветни изрази во македонскиот јазик за овие термини. Под вториот термин подразбираме политики. А тие можат да бидат рационални, а за нив треба знаење, цел, актери, евалуација и контрола од јавноста. Но, имате и инкременталистички модел на креирање политики, a тоа значи секогаш да се адпатирате на промените. Ама, знаете ли ни што имаме? Ние го имаме само третиот модел, кој е најпогубен – гаснење пожари. Па не може републиката да ви е во пламен во сите институции! – вели претседателката Силјановска Давкова.
Инаку, ние и формално до овој септември ќе бидеме во состојба на криза. Со владина одлука. Од каде и зошто таа криза? Луѓето што владеат се во криза, објаснува Силјановска Давкова:
– Кога сте вие фактор на криза, тогаш вие самите креирате кризна кризна состојба. Затоа кризата, всушност, е лаксмус за демократското здравје на државата – заклучува таа.
Ова е целото интервју со Гордана Силјановска Давкова: