НЕ СЕ САМО ИЗМЕНИТЕ НА УСТАВОТ, ТУКУ И ИСТОРИЈАТА И УЧЕБНИЦИТЕ – ПРОЧИТАЈТЕ СИ ГИ ПРОТОКОЛИТЕ! Јотова бара средба на владите на Македонија и на Бугарија
Потпретседателката на Бугарија повика да не се заборави дека покрај Уставот, треба да има измени и според потпишаните заеднички протоколи, кои зборуваат за промени во учебниците, за оценување на историски датуми и личности и за отворање досиеја, но ништо од ова не е направено.
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во Варна изјави дека е време за средба меѓу владите на Бугарија и Република Северна Македонија и побара да се преземат посериозни мерки по последниот инцидент со граѓанин со бугарски идентитет, пренесува БНТ.
Доставувањето нота до македонскиот амбасадор таа го оцени како недоволна акција, бидејќи има информации дека се подготвува текст за промена на Уставот на Северна Македонија, но во пракса нема никаков развој.
Јотова повика да не заборават дека, покрај Уставот, треба да има измени и според потпишаните заеднички протоколи, кои зборуваат за промени во учебниците, оценување на историски датуми и личности и отворање на досиеја, но ништо од ова не е направено.
– Не се осмелувам ни да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, која не е само на официјалниот кабинет, туку и на претседателската институција, на Народното собрание, не се осмелуваат да мислат дека ќе има чекор назад. Ако Бугарија, со новото министерство за надворешни работи и со новата влада, ја преиспита својата позиција, сега да ги почнеме преговорите и работите да се регулираат сами по себе, бидејќи повеќе од една се слушаат и такви „совети“, тоа значи национално предавство – рече потпретседателката на Бугарија.