ДОСТА БЕШЕ, НЕ САКАМ ДА СУМ ДВОРСКИ ШУТ Жестока реакција на Јелена за шпекулациите дека Ноле ја изневерува

По 15 години пишување за афери со секоја девојка од нашето друштво, тие сега не познаваат толку добро како двојка што знаат дури и кога сум љубоморна, без зборови и дела (бидејќи наводно тоа не е видливо, но имаат многу „сигурни извори“), вели сопругата на Ѓоковиќ.

1,812

Сопругата на тенискиот ас се огласила со низа објави на Инстаграм по повод зачестените шпекулации дека сопругот ја изневерува со актерката Марија Каран.

Јелена Ѓоковиќ е позната по тоа што не се огласува по повод шпекулациите во медиумите поврзани со неа и нејзиното семејство. Но во последно време, сè почести и побрутални се озборувањата за наводното неверство на нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ, кого медиумите го поврзуваат со неодамна разведената актерка Марија Каран.






Јелена одлучила да стави крај на тоа и ѝ се обратила на јавноста со стори на Инстаграм. Изгледа дека чашата се прелеала овој пат, бидејќи Јелена решила жестоко да се пресмета со оние што пласираат невистини за неа и нејзиниот сопруг.

„Ако не ја демантираш лагата, затоа што не можеш да одговориш на глупоста и едноставно не те интересира тоа, за новинарите тоа значи дека им даваш зелено светло да продолжат да те развлекуваат во весниците и на крај ќе испаднеш дворски шут“, напиша Јелена, и потоа се надоврза:

– По 15 години пишување за афери со секоја девојка од нашето друштво, тие сега не познаваат толку добро како двојка што знаат дури и кога сум љубоморна, без зборови и дела (бидејќи наводно тоа не е видливо, но имаат многу „сигурни извори“). И секако кога не ја негирате глупоста, автоматски станува корисна мамка за идните објави за сега веќе поранешните љубови … Така се почитува карактерот и делото на еден млад, успешен спортист. Им се испушти дека е заглавен со мене сите овие години, но многу повеќе кликови носат скандалите. Живееме во време кога навистина треба да се запрашаме што да читаме и кому да му веруваме. Целата таа темна енергија што влегува во нас додека ги читаме вестите исполнети со невистини и лаги заради контрола, страв… како профитот да не може да се инспирира со добри дела. Знаеме дека столбот на секоја здрава душа е семејството, па зошто да се користат медиумите како средство за оцрнување и плукање! Дали е тоа рецепт за успех или неуспех на едно општество? Пресудете вие.

Поврзани содржини