ДОШЛЕ ПО СИНОТ, ЈА НАТЕПАЛЕ МАЈКАТА Неколку тепачки во првиот ден од Новата година
Пожари се пријавени вчера во стан во скопски Карпош и во две куќи, во Струга и во Гостивар. За среќа, нема повредени лица, а материјалната штета дополнително ќе се утврди.
Неколку пожари и физички пресметки се пријавени во првиот ден од новата година.
Пожари се пријавени вчера во стан во скопски Карпош и во две куќи, во Струга и во Гостивар. За среќа, нема повредени лица, а материјалната штета дополнително ќе се утврди.
Во Полициска станица Карпош, вчера во 02.10 часот Д.Н.(63) од Скопје пријавил пожар во неговиот стан на подрачје на Карпош. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа Скопје.
Во СВР Охрид, пак, вчера во 13.15 часот било пријавено дека во куќа на улицата Ристо Крле во Струга, сопственост на Ј.Р.(31), настанал пожар од кој биле опожарени повеќе простории во куќата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струга.
Пожар настанал и во куќа во гостиварско село Здуње, сопственост на Р.Ш., а бил пријавен вчера во 11.10 часот во Полициска станица Гостивар. Интервенирала гостиварската противпожарна единица.
На 01.01.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје 55-годишна жена пријавила дека во нејзината куќа во Драчево била физички нападната од две лица кои го барале нејзиниот син и притоа ѝ се заканувале и оштетиле дел од инвентарот.
На 01.01.2023 во 14.00 часот во Полициска станица Велес А.С.(37) од Велес пријавил дека околу 11.30 часот во близина на градскиот трговски центар во Велес поради нерасчистени должничко доверителски односи бил физички нападнат од А.Н.
На 01.01.2023 во 17,30 часот во Полициска станица Чаир Ј.Ц.(61) од Скопје пријавил дека на 28.12.2022 околу 10,00 часот додека бил на своето работно место во канцеларија на ул.Боца Иванова на подрачје на Чаир по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Т.С.
На 01.01.2023 во 18.45 часот во Полициска станица Аеродром Ј.С.(56) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на кејот на реката Вардар на подрачје на Аеродром бил физички нападнат со тврд предмет од три лица.
На 02.01.2023 во 02,40 часот во близина на угостителски објект во Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар се приведени Д.А.(22), Џ.К.(21) двајцата од Р.Албанија и Е.Ќ.(23) од Дебар затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
На 02.01.2023 во 05,39 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 05,35 часот во близина на музеј во Штип по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(34) и К.К.(27) од општина Карбинци.