ДОШЛЕ ОД ДАНСКА ДА СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ВО ТЕТОВСКО?! 25-годишник застрелан кај село Пршовце

25-годишниот Г.Ќ. од Данска, со живеалиште во Тетово, пријавил дека пред угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово - Јажинце, кај тетовското село Пршовце, додека седел во патничко возило со неговите другари, Л.Ф. (26) од Данска, со живеалиште во скопско, со огнено оружје пукал кон него и му нанел прострелна рана.

596

25-годишно момче од Данска било застрелано со огнено оружје кај тетовското село Пршовце, соопшти МВР.

На 27 јули 2024 година, во 03.30 часот, во СВР Тетово, 25-годишниот Г.Ќ. од Данска, со живеалиште во Тетово, пријавил дека на 26 јули 2024 година, околу 21.30 часот, пред угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај тетовското село Пршовце, додека седел во патничко возило со неговите другари, Л.Ф. (26) од Данска, со живеалиште во скопско, со огнено оружје пукал кон него и му нанел прострелна рана.






Тој бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Поврзани содржини