ДОШЛА ОД ГЕРМАНИЈА ЗА СВАДБА НА ЌЕРКАТА, НАШЛА СМРТ! Детали од убиството во близина на Градачац
Мотивот на овој брутален чин, според првите информации, е љубомора, пишува „Аваз“.
Во населбата Подгајеви кај Живиница, во близина на Градачац, БиХ, мажот со иницијали М.А. (56) ја убил Ч.Т. (52), а потоа се самоубил. Тие живееле во вонбрачна заедница.
Мотивот на овој брутален чин, според првите информации, е љубомора, пишува „Аваз“.
Невенчаната сопруга синоќа дошла од Германија каде присуствувала на свадбата на својата ќерка, пренесува „Српскаинфо“.
По враќањето од Германија најпрво дошло до расправија, а потоа М.А. зел пиштол и ја убил сопругата, а потоа и себеси.
Утврдено е дека претходно немало пријави за семејно насилство, пренесува „Аваз“.