ДОШЛА ОД ГЕРМАНИЈА ДА ГИ НАМАЛИ ДОЈКИТЕ, ПОЧИНАЛА ПО ЗАФАТОТ Бизарен случај во приватна клиника во Белград

2,248

Србинката Б.В.(49) дошла во Белград од Германија заедно со својата ќерка за да ѝ биде извршена операција за намалување на дојките во една приватна ординација во центарот на градот. Жената подоцна починала од белодробна емболија, а не е познато што ја предизвикало оваа болест, пишува Блиц.

Персоналот на клиниката ѝ кажал на ќерката на жената дека операцијата поминала добро. Меѓутоа кога мајката можела да стане, доцна во ноќта, се упатила кон бањата и таму се струполила.






Пациентката била префрлена на Итна помош каде ја приклучиле на респиратор и пробале да ја реанимираат со сите достапни средства, но набрзо констатирале смрт.

Поврзани содржини