ДОСЕЛЕНИЦИТЕ СОЗДАВААТ 50% ОД РАСТОТ НА ЕВРОЗОНАТА Лагард оцени дека така се компензира покусото работно време и падот на платите

Шефицата на Европската централна банка рече дека зголемувањето на бројот на работници надвор од 20-те земји што го користат еврото ја поддржува економијата на блокот, дури и со растечката преференција за пократко работно време и падот на животниот стандард во некои сектори.

61

Приливот на странски работници обезбеди силен поттик за економијата на еврозоната во последните години, помагајќи да се компензира пократкото работно време и падот на реалните плати, изјави шефицата на  Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Лагард рече дека зголемувањето на бројот на работници надвор од 20-те земји што го користат еврото ја поддржува економијата на блокот, дури и со растечката преференција за пократко работно време и падот на животниот стандард во некои сектори.






– Иако тие сочинуваа само околу 9% од вкупната работна сила во 2022 година, странските работници учествуваа со половина од нејзиниот раст во последните три години. Без овој придонес, условите на пазарот на трудот би можеле да бидат многу потешки, а производството многу пониско – изјави Лагард на годишниот симпозиум на Федералните резерви на САД во Џексон Хоул, Вајоминг.

Според неа, бруто домашниот производ на Германија би бил за околу 6% помал отколку во 2019 година доколку немаше странски работници, додека силните резултати на Шпанија од крајот на пандемијата, исто така, многу се должат на нивниот придонес.

Сепак, овој тренд предизвика и политички последици – сè поголем број гласачи се свртуваат кон крајно десничарските партии.

Новата германска влада, на пример, ги суспендираше програмите за семејно обединување и преселување за да ја врати поддршката на гласачите кои сè повеќе се свртуваат кон Алтернативата за Германија.

Миграцијата во Европската унија доведе до рекорден број на жители минатата година 450, 4 милиони жители, и покрај падот на наталитетот, но владите исто така го ограничуваат доаѓањето на нови работници поради домашното незадоволство.

Поврзани содржини