Досега вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани
Министерството за здравство информира дека над 256.346 граѓани се пријавиле за вакцинирање.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а во моментов пријавени преку веб платформата се над 256.346 граѓани, соопшти Министерството за здравство..
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.