ДОСЕГА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 807.528 ГРАЃАНИ Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетните
Повеќе од половината или 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2 293 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Заклучно со 3 ноември вкупно се вакцинирани 807. 528 граѓани, ревакцинирани се 778 482, а трета доза примиле 38 719 граѓани. Повеќе од половината или 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, наведуваат од Министерството за здарвство.