Досега прва доза вакцина примиле 175.620 граѓани
Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини. Ревакцинирани се 31.599 граѓани. Со последните бројки 40% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, како и вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и во Охрид.