ПРИВЕДЕНИ НАД 4.000 РУСИ НА АНТИВОЕНИTE ПРОТЕСТИ Се демонстрира и во Берлин, Вашингтон, Сиднеј, Лисабон…

Додека Русите протестираат во Русија, над 100.000 луѓе се собраа во Берлин за солидарност со Украина, илјадници се собраа во саботата во Сиднеј, Лисабон и Вашингтон, а дополнителни протести се планирани и за попладнево.

278

Руската полиција денеска уапси повеќе од 900 луѓе на антивоените протести во 44 руски градови , со што вкупниот број уапсени се искачи на повеќе од 4.000 од почетокот на окупацијата на Украина на 24 февруари, објави невладината организација за мониторинг на протестите ОВД-Инфо.

Повеќе од 100.000 луѓе протестираа денеска во Берлин во знак на солидарност со Украина, откако илјадници се собраа во саботата во Сиднеј, Лисабон и Вашингтон, а дополнителни протести се планирани и за попладнево.






Западните сојузници на Украина воведоа досега невидени санкции на Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина.

Поврзани содржини