Досега невидени снимки за упадот на толпата во Капитол хил и молбите за помош на полицијата (ВИДЕО)
Од снимките се гледа колку блиску демонстрантите биле до политичарите додека оделе низ ходниците и извикувале „Обесете го Мајк Пенс“.
На судењето за поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера е претставена досега необјавена снимка од безбедносните камери во Капитол хил, на која се гледа како толпата демонстранти влегува, а полицијата моли за помош.
Од снимките се гледа колку блиску демонстрантите биле до политичарите додека оделе низ ходниците и извикувале „Обесете го Мајк Пенс“.
Трамп е првиот претседател кој се соочува со судење за импичмент по напуштањето на функцијата. Тој е обвинет за поттикнување востание преку воспалувачки зборови, за што неговите бранители велат дека е заштитен со Првиот амандман на Уставот.