Досега невидени снимки од Вухан во репортажа за коронавирусот ВИДЕО
Во репортажата може да се видат и некој досега невидени снимки од Вухан во карантин, на пример како полицијата ги носи лицата за кои смета дека се заразени, а меѓу соговорниците се и странски новинари кои известуваат од Кина.
Австралиската телевизија АБЦ емитуваше 45-минутна репортажа за почетокот на епидемијата на коронавирусот во кинескиот град Вухан и како настанала глобалната пандемија.
Во репортажата може да се видат и некои досега невидени снимки од Вухан во карантин, на пример како полицијата ги носи лицата за кои смета дека се заразени, а меѓу соговорниците се и странски новинари кои известуваат од Кина.
Се истакнува дека Вухан град од 11 милиони жители е полн со студенти од сите страни на светот и дека е сообраќајна раскрсница, што исто така придонело за ширење на вирусот.
Во репортажата се вели дека локалните политичари во Вухан на почетокот ја прикривале епидемијата и дека им се заканувале на локалните лекари кои за тоа јавно говореле.
Во репортажата акцент се става и на судбината на лекарот Ли Венлианг, еден од првите кој предупредувал за коронавирусот и кој поради тоа заврши во полиција. Ли Венлианг почина од коронавирусот заразен од пациент.