📷 ДОСЕГА НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА НА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША СО ТАТКО Ѝ Пејачката покажа како уживаат, а една работа била поинаква на неа
Српската поп пејачка Јелена Карлеуша често зборуваше за тоа каков однос има со мајка си и колку и недостига, откако не е со неа. Меѓутоа, кога станува збор за нејзиниот татко, освен некои работи од раното детство, пејачката воопшто не го експонира.
Така вчера Јелена сподели фотографија со своите следбеници на Инстаграм кога била на нуркање со нејзиниот татко.
– Татко ми и јас – напишала пејачката.
Пејачката на фотографијата е весела и насмеана, а Драган Карлеуша е во полна опрема за нуркање. Инаку, уште една работа се забележува, дека Јелена како девојче имала потемна боја на коса.
Да потсетиме, покојната мајка на Јелена, Дивна и Драган Карлеуша се развеле кога нивната ќерка била мала, но уште неколку години потоа живееле заедно. По разделбата, Драган Карлеуша во вториот брак добил два сина.