Досега има 26 позитивни деца и 92 вработени во градинките

Во изолација се 482 деца кои посетуваат градинка и 77 вработени во градинките.

376

Состојбата во градинките сѐ уште е под контрола и во нив се почитуваат протоколите за работа, соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Големиот број изолирани се должи на тоа што само еден позитивен негувател или воспитувач во изолација носи цела група од најмалку 15 деца и негов колега од истата група.

Во изолација се 482 деца кои посетуваат градинка и 77 вработени во градинките. Вкупната бројка на позитивни од 9 септември до вчера е 26 позитивни деца и 92 вработени во градинките, кои не се само негуватели и воспитувачи, туку и градинари, готвачки, хигиеничарки и друг персонал.






– Уште со отворањето на градинките, на 9 септември ние бевме соочени со голем предизвик, затоа што пред сѐ, најважно е здравјето на сите граѓани, меѓутоа врвен приоритет претставува здравјето на децата кои започнаа да посетуваат градинка. Ја следиме состојбата, правиме контроли, на дневно ниво добиваме извештаи за новопојавени позитивни случаи како на вработени, така и на деца, и можеме да кажеме дека состојбата сѐ уште е под контрола. Тоа го велам затоа што бројот на деца кои што се позитивни, во однос на сите деца кои посетуваат градинка говори дека се почитуваат протоколите, здравствената состојба на децата и вработените е добра. Во јавноста ги коментираат бројките на лица кои се во изолација, меѓутоа ако еден негувател е позитивен, повлекува во изолација најмалку 15 деца и неговиот колега од истата група. Затоа бројот на изолирани делува голем и граѓаните поставуваат вакви прашања, кои се многу легитимни – рече министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека здравствената состојба на позитивните деца и вработени во градинките е добра.

– Имаше само две хоспитализации, на едно дете и на еден вработен. Голем дел излегуваат од изолација и се враќаат во градинките, како децата така и вработените – објасни министерката.

 

 

Поврзани содржини