„ДОРМЕО“ БАНКРОТИРАШЕ И ВО ХРВАТСКА! „Кралот на душеците“ се труди да врзе крај со крај, бизнисот е во огромен минус
Според истиот извор, Студио Модерна – ТВ продажба влезе во претстечај со 409 вработени. Хрватска е само еден од дваесетте пазари на кои работи Санди Чешко.
Откако еден од најголемите словенечки претприемачи, Санди Чешко, на почетокот на месецов призна дека е во деловни тешкотии, неговата компанија во Хрватска, Студио Модерна – ТВ продажба, поднесе барање за претстечај.
– Тековната ЕБИТДА на должникот е негативна во износ од 1,1 милион евра, а должникот има недостиг на расположливи средства за подмирување на обврските кои доспеваат на краток рок – стои во одлуката на Стопанскиот суд во Загреб, која ја го прифати барањето на компанија на Чешко да отвори претстечај.
Според истиот извор, Студио Модерна – ТВ продажба влезе во претстечај со 409 вработени. Хрватска е само еден од дваесетте пазари на кои работи Санди Чешко.
Во исто време, во Словенија, Чешко се обидува со продажба на дел од сопственоста во чадор-компанијата Студио Модерна, да добие пари кои би се вбризгувале во бизнисот, би избегнале банкрот и компанијата ќе застане на нозе. Чешко потврди за словенечкиот весник „Финанс“ дека го продаде малцинскиот удел во Студио Модерна на германската компанија „Матрацен Конкорд“. Тој весник проценува дека германски инвеститор купил околу четвртина од Студио Модерна.
Во Хрватска, Чешко отвори „фирма ќерка“ на почетокот на 1997. Само минатата година Студио Модерна – ТВ продажба направи загуба од 3,5 милиони евра, а последен пат работеше со добивка во 2018 година.
– Во 2021 година компанијата затвори непрофитабилни малопродажни единици, го намали бројот на вработени, се воздржува од нови иницијативи и проекти поради зголемените неизвесности во опкружувањето – се наведува во деловниот извештај Судио Модерна ТВ продажба.
Кога станува збор за текот на претстечајот на компанија на Чешко, според одлуката на Стопанскиот суд, ќе се утврдуваат долговите и побарувањата на Студио Модерна – ТВ кон други, како и имотот на компанијата. Конечниот резултат за стечајот и судбината на компанијата на Чешко во Хрватска ќе го дадат доверителите.
Според словенечките медиуми, работниците на компанијата во Словенија деновиве им била исплатена платата за мај.