ДОРИС ПАК ЈА ПОДДРЖА АРСОВСКА Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник (ВИДЕО)

Таа ѝ честита на сестринската партија ВМРО што ја поддржала кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.

414

Скопје конечно заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер, кој ќе биде во служба на сите граѓани, Данела Арсовска, рече претседателката на ЕПП Жени Дорис Пак во нејзиното обраќање.

Млада, силна и посветена жена професионалец како Данела, може и ќе направи промени за подобро и модерно Скопје. Јас ја гледам Данела Арсовска како силен и посветен иден градоначалник на Скопје. Таа ќе биде способна да ги имплементира неопходните реформи, во насока да обезбеди силен и функционален град, подобра инфраструктура и повеќе локални можности и услуги за сите граѓани. Ова ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите, во системот, и во политиката – рече Пак.






Таа ѝ честита на сестринската партија ВМРО што ја поддржала кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.

Ѝ посакувам да го потврди големиот успех, нејзината голема победа во вториот круг на локалните избори на 31 октомври. Сѐ најдобро! Ви стискам палци! – додаде Пак.

Поврзани содржини