ДОРИАН ЈА ПРОДОЛЖУВА КАРИЕРАТА ВО УНГАРИЈА Браќата Бабунски ќе играат заедно во Дебрецин

Клубот потпиша две ипол годишен договор со напаѓачот. Братот на Давид Бабунски, Дориан ќе ја продолжи кариерата кај нас - се вели во соопштението на клубот.

263

По одличните настапи во бугарското првенство, Дориан Бабунски си обезбеди трансфер во унгарски Дебрецин.

– Клубот потпиша две ипол годишен договор со напаѓачот. Братот на Давид Бабунски, Дориан ќе ја продолжи кариерата кај нас – се вели во соопштението на клубот.






Дориан вели дека за него е посебно тоа што за првпат ќе игра заедно со својот брат Давид.

– Голема чест ми е што ќе играм за Дебрецин, се чувствувам подготвен да му помогнам на тимот, верувам дека ќе имаме одличен успех заедно. За првпат ќе играм заедно со мојот брат, и тоа исто така ќе биде нешто посебно за мене – изјави при промоцијата Дориан Бабунски.

Благодарение на одличните партии во бугарскиот тим, во ноември доби и деби-повик за А-селекцијата на Македонија.

Поврзани содржини