Дополнителни 900.000 долари од САД за Албанија за борба против ковид-19

Веста на Твитер ја објави американската амбасадорка во Тирана Јури Ким, додавајќи дека вкупната американска помош за Албанија за оваа цел достигнува два милиони долари.

274

Албанија доби дополнителни финансиски средства во износ 900.000 долари помош од САД за справување со пандемијата од ковид-19.

Веста на Твитер ја објави американската амбасадорка во Тирана Јури Ким, додавајќи дека вкупната американска помош за Албанија за оваа цел достигнува два милиони долари.






– САД и доделија на Албанија дополнителни 900.000 американски долари за коронавирус, со што вкупната помош изнесува 2 милиони американски долари а се за лаборатории, техничка помош, за истражување случаи. Од 2000 година до сега помошта за Албанија достигнува 700 милиони долари, напиша амбасадорката Ким.

Посочува дека Соединетите држави секогаш ќе бидат со пријателите и ќе ја предводат борбата против глобалните закани.

Поврзани содржини