ДОПОЛНИТЕЛНИ 6 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРЕДАДЕН ОРИЗ Ќе се изврши и откуп за стоковите резерви

203

Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна субвенција од 6 денари по килограм оризова арпа за производството во 2024 година, а дел од реколтата ќе биде откупен за стокови резерви. Ова е договорот постигнат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по денешната средба на ресорниот министер Цветан Трипуновски со претставници на оризопроизводителите од Кочанско, на која присуствувале и дел од откупувачите.

– Разговаравме за решавање на проблемот кој што е наталожен од претходните години и тие ситуации кои не биле решени, денеска мораме ние како нова Влада да ги решаваме. По неколкучасовниот состанок заклучокот е државата односно Министерството да оддели дополнителни 6 денари за откупена оризова арпа од реколта 2024 година. Мерката треба да биде со важност од 1 ноември до 31 март 2025 година. Значи сите оние кои што имаат предадено овој период ќе добијат дополнителна субвенција од 6 денари за килограм арпа. Дополнителнио обврската на Министерството е преку Агенцијата за стокови резерви да се изврши набавка на оризова арпа, односно ориз за потребите на стоковите резерви – изјави министерот Трипуновски по средбата на оризопроизводителите.






Тој повтори дека проблемот со пласманот на оваа реколта, е наследен од претходната Влада и нагласи дека покрај решавањето на проблемот од минатите години со пласманот, веќе работат визионерски домаќински како да се организира сеидбата која е за неколку месеци од сега и со надминување на сите досегашни проблеми што ги имаат оризопроизводителите, во делот на вода за наводнување, семенски материјал, препарати за заштита, сортите кои што ќе бидат поддржани, програмата која сега ја работиме за 2025 година со цел вакви ситуации да бидат минато и да не мора државата да интервенира дополнително со финансиски средства, со цел да има предвидливо земјоделско производство.

Поврзани содржини