Дополнителни 400 денари субвенции за грло јагне
Мерката е донесена на последната седница на Влада, информира Министерството за земјоделство.
Сточарите ќе добијат дополнители 400 денари за предадено и заклано јагне во кланични капацитети, информира Министерството за земјоделство.
Со оваа мерка се опфатени 3600 земјоделски сточарски стопанства кои имаат предадено во кланични капацитети околу 190.000 јагниња.
Мерката е донесена на последната владина седница, информираат од Министерството.