ДОПОЛНИТЕЛНА ГАРАНЦИЈА ЗА КУРСОТ НА ДЕНАРОТ Народната банка уште една година може да повлекува ликвидни пари од ЕЦБ

Народната банка доби можност за пристап до репо-линијата на почетокот на кризата предизвикана од ковид-19 во 2020 година, кога ЕЦБ им дозволи пристап до овој инструмент на централни банки надвор од еврозоната, со цел да се спречат преносните ефекти врз финансиските пазари и економиите во еврозоната и да се ублажат негативните ефекти од пандемијата. 

141

Народната банка денеска соопшти дека на нејзино барање, Европската централна банка (ЕЦБ) ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година.

„Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста на курсот на домашната валута. Репо-линијата може да ги задоволи можните потреби за ликвидност во време на зголемени геополитички несигурности и нивните потенцијални ризици за глобалната економија и финансиските пазари“, се вели во соопштението.






Од централната банка информираат дека домашните девизни резерви, коишто се главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, се на историски највисокото ниво.

„Со постојаното одобрување на репо-линијата, Европската централна банка им дава значајна поддршка на политиките на стабилност коишто ги спроведува Народната банка“, се наведува во соопштението.

Народната банка доби можност за пристап до репо-линијата на почетокот на кризата предизвикана од ковид-19 во 2020 година, кога ЕЦБ им дозволи пристап до овој инструмент на централни банки надвор од еврозоната, со цел да се спречат преносните ефекти врз финансиските пазари и економиите во еврозоната и да се ублажат негативните ефекти од пандемијата.

Поврзани содржини