ДОНИРАНИ ОРГАНИ ОД МОМЧЕ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА Бубрегот го прима 22-годишник

Се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот.

1,165

Утрово во осум часот на Клиниката за урологија под раководство на д-р Сашо Дохчев, започна трансплантација на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор, соопшти Министерството за здравство.

Тимовите на д-р Сотир Ставридис и д-р Александар Трајановски после полноќ завршиле со експлантација на бубрег и коскени ткива од 28-годишен починат донор, чие семејство несебично се согласило да ги донира органите.






„Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22-годишно момче. Се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот. Голема благодарност до медицинските тимови кои учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот кои ни покажаа што значи хуманост“, се наведува во соопштението од Министерството.

Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови.

Поврзани содржини