ДОНИРАЈТЕ КРВ, СПАСЕТЕ ЖИВОТ! Крводарителска акција за роденденот на Тоше
На овие акции реализирани во чест на Тоше досега се собрани повеќе од 5.300 единици крв.
Во холот на Дом на АРМ утре (среда) од 9 до 17 часот по 19-ти пат ќе се реализира крводарителска акција на денот на раѓањето на Тоше Проески (1981-2007).
„Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, ќе ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески кој, за жал, прерано го загубивме“, соопшти Црвен крст на град Скопје.
Организаторот додава дека оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во Скопје и е посетена од голем број граѓани. На овие акции реализирани во чест на Тоше досега се собрани повеќе од 5.300 единици крв.