Доневски: Во пандемија градоначалникот на Охрид ја поскапува водата, за да му вработи личен возач на директорот ВИДЕО

1,316

 

Во услови на економска криза и рецесија како и на намален обем на работа, градоначалникот Георгиески излегува со предлог за ново покачување на цената на водата за пиење. Вистинската причина за поскапувањето на цената за водата за пиење е зголемувањето на платите на вработените во ЈП „Водовод“ за 2021 година од над 12 милиони денари, како и во исто време предлог за нови 18 вработувања кои граѓаните на годишно ниво ќе ги чинат над 5 милиони денари, вели Сашо Доневски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.






„Време е да го кренеме гласот! Нашиот повик не треба да се гледа како партиски интерес, нашиот повик е за обединување на сите граѓани, за Охрид. Ова што ни се случува не го заслужуваме, ваквиот однос на партискиот послушник Георгиевски е понижувачки, срамен и потценувачки за сите нас. Ве повикувам јавно да побарате од советниците кои што сте ги гласале да се борат за вашите интереси и да се спротивстават на Георгиески за новото покачување на цената на водата за пиење. За ваквата одлука на Георгиески граѓаните вкупно ќе треба да издвојат по 250 илјади евра на годишно ниво. Дека на забеганоста и нема крај говори и фактот што сè уште има луѓе кои или немаат вода за пиење или истата е микробиолошки неисправна, додека приоритет на партискиот послушник Георгиески е како да му вработи личен возач на директорот на ЈП Водовод и како да вработи разни административни референти. Време е! Доста е! — рече Доневски.

 

Поврзани содржини