🎥 „ДОНЕСОВ НОВИ И ИТНИ ОДЛУКИ“ Николина Пишек ги хипнотизираше мажите со видео во бикини, па ги заинтригира сите со тоа што го напиша
Николина објави видео на кое ужива на плажа во бело бикини, а за својот изглед доби бројни комплименти, но нејзината објава предизвика особено внимание.
Хрватската водителка Николина Пишек ги заинтригира сите со објавата на Инстаграм.
Имено, Николина објави видео на кое ужива на плажа во бело бикини, а за својот изглед доби бројни комплименти.
View this post on Instagram
Меѓутоа, она што го напиша Пишек со видеото го привлече вниманието на многумина.
„Донесов некои нови и итни одлуки. Животни. И веројатно ќе ја промени мојата реалност на милион неочекувани начини. Се надевам на добри. Ова лето ќе биде едно од најработните и најтешките за мене досега, со промени кои ќе го одредат мојот понатамошен животен пат. Ќе ви ги откривам работите малку по малку, како ќе влезам во ритам и колку ќе се чувствувам удобно. Не толку поради мене (иако и тоа делува психотерапевтско – да се соочиш со своите стравови и јавно да проговориш за нив). Туку поради сите оние што поминуваат низ слични борби, или многу, многу потешко сами и во тишина. Вистината не е секогаш онаква каква што ни изгледа. А зборувањето за неа делува ослободувачки“, напишала Николина и додала:
„Изговорените работи како да стануваат полесни и помалку важни. Тривијално. И затоа ова лето, меѓу многуте густи обврски, ќе ловам само вакви моменти. Без ништо. Соголени до кожа. Само море, карпи, драги луѓе и потоа бегство во реалноста. И се надевам дека повторно ќе успеам да издржам сè“.
Многумина се заинтригирани од нејзините зборови и се прашуваат што подготвува Николина Пишек.
View this post on Instagram