Донесена Уредбата за ваучери за поддршка на домашниот туризам
Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари ќе го издава Министерството за економија
Владата ја донесе Уредбата со законска сила за издавање ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба. Уредбата е дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.
Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари ќе го издава Министерството за економија.
„Ваучерот е наменет е за сите вработени лица со низок доход за да можат да платат туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност“, соопшти владината прес служба.