ДОНЧИЌ ЈА КУПИ ЛУКСУЗНАТА КУЌА НА МАРИЈА ШАРАПОВА Словенецот плати 25 милиони долари за вилата во Менхетен Бич
Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, инвестира 25 милиони долари во имотот на поранешната светска тенисерка Марија Шарапова, избирајќи Менхетен Бич за свој нов дом.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ја купи куќата на поранешната светска тенисерка број еден, Марија Шарапова, во Менхетен Бич, објави „Basket Infos“.
Дваесет и шестгодишниот Словенец платил 25 милиони долари за луксузниот имот. Дончиќ ја избрал куќата како свој нов дом во Калифорнија, еден од најпривлечните крајбрежни региони во САД.
– Менхетен Бич е едно од најубавите места во Калифорнија и совршено се вклопува во мојот животен стил. Среќен сум што ја најдов оваа куќа – изјави Дончиќ за медиумите.
Претходно беше објавено дека Шарапова ја ставила куќата на продажба затоа што поголемиот дел од времето го поминува на друго место со својот сопруг, британскиот бизнисмен Александар Гилкес.
Со купувањето на оваа куќа, Дончиќ дополнително ја зацврсти својата позиција како една од најголемите спортски ѕвезди на светско ниво, не само на теренот, туку и во светот на луксузниот имот.