Дончев: Цената за тестовите беше утврдена на 1.500 денари, приватните установи да кажат зошто ја зголемија

540

На прашање зошто Фондот ги намалува цените за тестирање за ковид-19 во јавното здравство кога се зголемија цените во приватните лаборатории, директорот на Фондот за здравство Ден Дончев рече:

– Извештајот од комисија за здравство го добивме. Улогата на комисијата беше дали се исполнети условите за болницата Жан Митрев и три други да врши тестови. Тие 4 здравствени установи ги исполнуваат условите за тестирање. Фондот имаше воспоставена цена по дијарџи методологија за молекуларни тестови со цена од 5.500 денари. Но тоа беше кога само една или две установи вршеа тестови. Нормално кога се прават помал број на тестови и фиксните трошоци се тие што се, а варијабилните трошоци се помали и затоа цената беше 5.500 денари. Откога се соочивме со ковид-19 цената што ја поставивме е DRG  цена. Фондот направи своја анализа, по своја методологија за да утврди која би била цената по PCR молекуларна дијагностикаи дојдовме до цена од 3.600 денари. Но истовремено дојдовме до сознанија дека  цената која се наплаќа на пазар изнесува 1.500 денари и затоа донесовме одлука цената да биде 1.500 денари. Зошто потоа приватните установи  ја зголемија цената треба да ги прашате нив – рече Дончев.

Поврзани содржини