ДОНАТЕЛА ВЕРСАЧЕ СО НЕПРЕПОЗНАТЛИВ ИЗГЛЕД Што се крие зад новото лице на 70-годишната модна икона?
Експертка открива како 70-годишната модна икона која објави фотографија на Инстаграм на која се гледа нејзиниот нов и свеж изглед на лицето, ги поништила своите „козметички зафати“
Популарната дизајнерка Донатела Версаче (70), со години е главна тема кога станува збор за изгледот. Неа ѝ се припишуваат голем број естетски корекции поради кои се довела до непрепознатливост и често е на мета на негативни коментари.
Таа признава дека користела само ботокс.
Сега на својот профил на Инстаграм Донатела Версаче објави фотографија со која ги изненади сите и предизвика многу позитивни реакции. Донатела позира во елегантен фустан, а нејзиното лице е во прв план.
Јасно се гледа дека горната усна изгледа потенко од вообичаено, а и образите ѝ се поразлични во однос на она што сме го виделе претходно.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа каква лавина коментари иницирала со оваа фотографија, за „Daily Mail“ се огласила и Анастасија Колс, основач на дерматолошката клиника во Лондон, која дала свое мислење.
View this post on Instagram
– Во минатото, се чини дека таа имала трајни филери, веројатно силиконски, во комбинација со филери од хијалуронска киселина (HA) наредени одозгора. Доколку филерот HA се растворил или природно се разградил, тоа би можело да го објасни намалувањето на волуменот.“
Колс, исто така, смета дека новите црти на Донатела може да се должат на лифтинг на лицето, објаснувајќи: „Првичното проширување на нејзините усни можеби се должи и на силиконот во комбинација со ефектите од лифтинг на лицето со висок напон, каде што кожата е доста цврсто повлечена кон страните на лицето.
Нејзината вилица исто така изгледа подефинирана, што може да биде резултат на дермален филер за подобрување на структурата или третмани за затегнување на кожата, како што е RF микронидлинг, а и двата најчесто се користат за создавање поостар, поконтуриран изглед.
Експертката која предупреди дека е невозможно да се каже какви процедури направила ѕвездата без да ја види во живо, истакна дека „самото природно стареење може да игра улога“.
– Промените на кожата и ткивото со текот на времето можат да ги направат усните и цртите на лицето да изгледаат поинаку, вели таа.