📽️ „ДОНАЛД, ЗАМИСЛИ МОРАМ ДА ЧЕКАМ НА УЛИЦА ПОРАДИ ТЕБЕ“ Макрон му се пожали на Трамп откако беше сопрен од полицијата во Њујорк

Поради колоната на претседателот Доналд Трамп, францускиот претседател морал да чека и пешки да оди до француската амбасада во Њујорк.

313

Францускиот претседател Емануел Макрон беше стопиран од американската полиција на крајот од Генералното собрание на ОН во Њујорк поради поминувањето на официјалната колона на неговиот колега Доналд Трамп, според снимките направени од весникот „Brut“.

– Жал ми е, господине претседателе, сè е блокирано во моментов – му рекол полицаецот пред да сигнализира дека претседателската колона се приближува, според снимките направени на социјалните мрежи.






Потоа францускиот претседател го повикал Трамп за да се насмее на ситуацијата и да разговара за актуелните меѓународни прашања, објави весникот.

– Погоди што, чекам токму на улицата затоа што сè е блокирано поради тебе“, му рекол Макрон на Трамп.

 

По неколку минути чекање, улицата беше деблокирана, но само за пешаци во траење од 30 минути, па Макрон мораше пешки да оди до француската амбасада.

Поврзани содржини