ДОНАЛД ТУСК Е НОВИОТ ПОЛСКИ ПРЕМИЕР Изгласана е недоверба на владата на Моравјецки

Туск беше премиер на Полска меѓу 2007 и 2014 година, а подоцна и претседател на Европскиот совет.

308

Полскиот парламент вечерва го избра Доналд Туск, лидерот на центристичката партија Граѓанска платформа за нов премиер, по осумгодишното владеење на партијата Право и правда на претходниот премиер Матеуш Моравјецки.

Туск стана премиер откако претходно денеска долниот дом на полскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Моравјецки.






Туск беше избран за премиер речиси два месеци по парламентарните избори, со помош на коалициските партнери, меѓу кои се и левичари и умерени конзервативци.

Туск беше премиер на Полска меѓу 2007 и 2014 година, а подоцна и претседател на Европскиот совет.

Поврзани содржини