ДОНАЛД ТРАМП ВЕЌЕ НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА Ники Хејли се повлекува од номинацијата за претседател на САД

Хејли планира во 10 часот по локално време накратко да разговара со новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник.

201

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денеска ќе ја прекине кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, пишува Волстрит џурнал.

Хејли планира во 10 часот по локално време накратко да разговара со новинарите во Чарлстон, Јужна Каролина, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник.






Одлуката за прекин на кампањата доаѓа откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа победи на непартиските избори во 14 од вкупно 15 сојузни држави на САД.

Хејли победи само во Вермонт, а досега победи само во Вашингтон, во сојузната област Колумбија.

Поврзани содржини