Доналд Трамп доаѓа во Србија?
Тоа би било историски настан, бидејќи Џими Картер е последниот американски лидер кој ја посети земјата во 1980 година.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, наскоро би можел да ја посети Србија, најави специјалниот пратеник за косовското прашање, Ричард Гренел. Тоа би бил историски настан, бидејќи Џими Картер е последниот американски претседател кој ја посетил Србија во 1980 година.
Американскиот претседател може наскоро да ја посети Србија, најави Гренел. Тоа би било историски настан, бидејќи Џими Картер е последниот американски лидер кој ја посети земјата во 1980 година.
– Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја посети Србија и датумот на неговото пристигнување во Белград веќе се планира. Сега треба да работиме на наоѓање датум што би одговарал и на Белата куќа и на Советот за национална безбедност, кои исто така би биле вклучени во организацијата на посетата – вели Гренел за српското радио „Чикаго“.