🎥 ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО ЛАСТОВИЦА Видеолотарија Касинос Австрија им помага на деца со попреченост

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Здружението Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост – Ластовица во Скопје.

114

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Здружението Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост Ластовица Скопје. Оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите и поддршката која здружението им ја нуди на децата и младите со попреченост.

Со оваа донација годинава ќе се обезбедат: опрема и дидактички материјали неопходни за стимулација и поддршка на детскиот развој, организација и реализирање на рехабилитациони третмани, едукативни програми-изучување на знаковен јазик и Браево писмо, организирање инклузивни или интерактивни активности и излети, кои ќе помогнат за социјализацијаа и интеграција на децата во секојдневието.






Дел од вработените во Видеолотарија Касинос Австрија и доброволно се вклучија во изучувањето на знаковниот јазик.

– На овој начин сакаме да ја подигнеме свесноста и важноста за знаковниот јазик, но и да стекнеме способност за невербална комуникација. За нас, ова е голема одговорност. И во иднина ќе продолжиме да бидеме дел од иницијативите кои имаат директно влијание врз заедницата. Веруваме дека секое дете заслужува еднакви можности и се надеваме дека со оваа донација ќе им помогнеме да го достигнат својот потенцијал – велат од компанијата.

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Државна Видеолотарија и во иднина ќе продолжи да го развива својот идентитет на модерна и општествено одговорна компанија преку поддршката на проекти кои позитивно ќе влијаат врз заедницата.

– Само за потсетување, во 2024 нашата посветеност кон оваа цел од која придобивки имаат сите граѓани, ја потврдивме со низа активности за што издвоивме вкупен буџет од 45.980.779 денари – додаваат од компанијата.

Поврзани содржини