ДОНАЦИЈА ОД ФОНДАЦИЈАТА „НИКОЛА ЈАНЧЕВ“ Гастро ќе добие нов ЕХО апарат
Парите се обезбедени од членовите на семејството Јанчеви и од семејната компанија „Кожувчанка“.
Фондацијата „Никола Јанчев“ од Кавадарци донира 1,8 милиони денари за помош и поддршка во областа на здравството. Донацијата беше соопштена на големиот верски празник Свети Никола, кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви.
Парите се обезбедени од членовите на семејството Јанчеви и од семејната компанија „Кожувчанка“. Со овие средства ќе се набави опрема, односно ултразвучен апарат – ЕХО за потребите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Оваа година, по втор пат, Фондацијата „Никола Јанчев“ во насока на сопствената мисија и визија, како и според Програмата на Фондацијата за 2021 година и Одлуката на Одборот на фондацијата, ги додели овие средства за помош во здравството.
Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно. Оттаму посакуваат: Среќни и весели новогодишни и божиќни празници!