Донација на синбиотик Лактофлор Кидс во Клиниката за Детски Болести и одделот на Педијатрија при велешката Општа Болница
Се со цел да се помогне во борбата за подобар имунитет, а со тоа и здравјето кај бебињата и дечињата, компанијата Кенди Фарма, главен увозник и дистрибутер на синбиотикот Лактофлор Кидс, донираше производи
Одржувањето на здравјето и имунитетот кај децата, сега потребно е повеќе од кога и да било. Посебно значајно кај децата кои за жал се во детските и педијатриските клиники и центри и кои примаат третман и редовни терапии.
Се со цел да се помогне во борбата за подобар имунитет, а со тоа и здравјето кај бебињата и дечињата, компанијата Кенди Фарма, главен увозник и дистрибутер на синбиотикот Лактофлор Кидс, донираше производи на Универзитетска Клиника за Детски Болести во Скопје и одделот на Педијатрија при Општата Болница во Велес.
– Изминатиот период сите сме загрижени за здравјето на нашите најблиски и најсакани, но и преземаме мерки и начини како да го подобриме и зајакнеме. Како компанија сакавме да допридонесеме за подобрување на здравјето на оние кои се најранливи и кои сеуште се борат за нивното здравје. Нашата помош од производи синбиотици Лактофлор Кидс ќе придонесе во третирањето на бебињата и дечињата во подигнување на имунитетот и регулирањето на цревната флора и фауна, а ќе биде дополнување на нивната веќе препишана терапија – изјавија од компанијата Кенди Фарма.
Големиот број на студии од целиот свет, се повеќе ја докажуваат нужноста од користење на синбиотици, пробиотик + пребиотик, кои имаат и до 10 пати поголема делотворност во човековиот организам. Пробиотиците, се видови на бактерии кои допридонесуваат за регулирањето на цревната флора и фауна, додека пак пребиотик претставува храна за пробиотиците и помага во поголемо размножување на бактериите.
Посебната формула на Лактофлор Кидс сочинета од 7 вида на најдобрите пробиотични штемови и пребиотик, инулин придонесува за оптимална заштита и подигнување на имунитетот и регулирањето на цревната флора и фауна.
Со грижата за гастроинтестиналниот тракт придонесуваме за подобар имунитет, а со тоа и целокупно здравје и благосостојба на целиот организам. Сепак 80% од нашиот имунитет се наоѓа баш таму.