ЈЗУ Здравствен Дом Скопје упати голема благодарност дo Супертрејд Gulf Oil Macedonia за донацијата на нафтен дериват за возилата на Итната медицинска помош, соопшти преку Фејсбук Здравствен Дом Скопје.
– Во актуелната состојба во која се наоѓаме, односно во борбата со ковид-19, ваква донација ни е од големо значење за подобрување на здравствените услуги со што се постигнува поефективно вршење на секојдневните обврски.
Ви благодариме! И ние сме тука за вас во секое време, пишува во објавата на Здравствен Дом Скопје.