Како општествено одговорна компанија, а со цел да се помогне на државата во справувањето со кризата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, AssecoSEEMK
Владиниот контакт центар е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.
Од компанијата изјавуваат дека се среќни што во вакви тешки моменти да придонесат кон побрзо решавање на актуелните проблеми на заедницата, истовремено посакувајќи им на сите добро здравје и желба за побрзо нормализирање на ситуацијата.
„Борбата со КОВИД -19 претставува обврска на сите граѓани и деловни субјекти во нашата држава. Затоа Комората за информатички технологии МАСИТ е особено горда на донацијата на Ассеко СЕЕ како и на останатите свои членки кои придонесоа со своите ресурси и активности со цел поддршка и заштита на своите вработени, клиенти и државата, целокупното колективно здравје и оние кои допринесоа кон солидаризирање и помош на најзагрозените индустрии“, се вели во соопштението.