ДОМОТ НА ПЕЈАЧОТ НЕ БЕШЕ ДОПРЕН 30 ГОДИНИ 33.000 предмети од лондонската куќа на Фреди Меркјури одат на аукција

Повеќе од 30 години домот на легендарниот пејач Фреди Меркјури во Лондон беше недопрен, светилиште на легендарната суперѕвезда на рок-бендот „Квин“, кој почина во 1991 година на 45-годишна возраст.

223

Повеќе од 30 години домот на легендарниот пејач Фреди Меркјури во Лондон беше недопрен, светилиште на легендарната суперѕвезда на рок-бендот „Квин“, кој почина во 1991 година на 45-годишна возраст.

Сега неговата содржина – од блескави сценски костими на Меркјури и рачно напишани стихови до слики и прекрасните предмети собрани на неговите патувања – беше изложена во Лондон, Њујорк, Лос Анџелес и во Хонг Конг, а следниот месец ќе биде на продажба.






Над 33.000 предмети од лондонската куќа на Меркјури ќе се продаваат во аукциската куќа „Сотби“ во септември.

Поврзани содржини