ДОМАТИ СО МИРИС НА ПУКАНКИ?! Кинески научници развија генетски модифицирана сорта домати со необичен мирис

Кинески научници развија генетски модифицирана сорта домати со изненадувачка арома на пуканки. Доматите се одгледани во експериментална стаклена градина во источната кинеска провинција Чжeџијанг.

46

Кинески научници развија генетски модифицирана сорта домати со необичен мирис на пуканки, користејќи ја алатката за генетско уредување ЦРИСПР/Цас9  (CRISPR/Cas9) – технологија чиј развој беше награден со Нобелова награда за хемија во 2020 година.

Оваа генетски модифицирана сорта домати со изненадувачка арома на пуканки е одгледана во експериментална стаклена градина во источната кинеска провинција Чжeџијанг. Веста беше објавена во весникот  South China Morning Post.






Според заменик-директорот на Институтот за биотехнолошки истражувања при лабораторијата „Сјангху“, Сју Шенчун, новиот мирис има потенцијал значително да го збогати вкусот на доматите и да ја зголеми нивната пазарна вредност – слично како што ароматичните сорти ориз се повисоко ценети на пазарот.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини